wordpress counter

Филм: Cooking history

Cooking History
Режисер: Петер Керекес
Награди: International Leipzig Festival, Chicago International Film Festival, Documentary Film Festival Toronto, Vienale 09

Главните карактери во овој филм се воените готвачи. Обични и едноставни луѓе кои мораат да ја најадат најважната категорија во време на војна – војниците. Ова е филмска приказна која ни покажува дека војната не се води само на фронтот, туку и во позадина околу казаните на вкусна храна.

Г-динот Керекес раскажува приказна за храната преку 6 војни кои се воделе на територијата на Европа и преку 10 рецепти. Ќе видиме како една русинка и нејзината пита од месо ќе им даде сила на руските војници да ги прегазат германците, една приказна за пекар во концентрационен логор, дегустаторот на Тито кој вели дека по неговата смрт официјалната кујна станала само кич…

Филмот е снимен во Британија, Франција, Чешка, Унгарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Русија и Израел. А, најважното прашање кое го отвoра е дека никој не би поверувал дека главните војни се водат со лонци и тави. Војните готвачи имаат посебно влијание на војното поле. Како што ќе каже еден од нив: „Гладниот војник не се чувствува сигурно.“

Related Posts with Thumbnails