wordpress counter

„Foie Gras“ фаст фуд

Foie Gras“ е едно од луксузните јадења на францукста кујна, кое се подготвува од џигер на патка или гуска. Станува збор за специјалитет во кој ужива секој гурман. Но, од неодамна, во ова јадење може да уживаат и вљубениците во фаст фудот. Имено, синџирот ресторани „Quick“ го продава овој специјалитет заедно со говедско месо, домат и зелена салата по цена од 300 денари.

Овој синџир за брза храна понуди и хамбургер направен од паткина пашета. Според фиолозофијата на ресторанот, тие сакаат на своите потрошувачи да им понудат одличен вкус по ниски цени и да им овозможат убава гурманска забава. Сепак, единствена непријатна вест е што овој специјалитет не се служи постојано, туку само за време на посебни прилики и празници.

Инаку, овој специјалитет се  подготвува од патка или гуска кои претходно се товат со недели и на тој начин џигерот им станува 6-12 пати поголем од нормалната величина. Ова однесување на одгледувачите е жестоко критикувано од здруженијата за заштита на животните.

Related Posts with Thumbnails