wordpress counter

Франција воведува данок на газирани пијалаци

Франција е една од првите европски држави која планира да воведе дополнителен данок за безалкохолните пијалаци кои содржат шеќер. Според информациите, властите во Париз преку оваа давачка сакаат да остварат две работи: едната е да се погрижат за здравјето на нацијата, а другата да го дополнат намалениот француски буџет.

Претходно, вакви даноци воведоа Данска и Унгарија и за тоа веќе пишувавме. Според предлогот на француските власти, давачката би требало да изнесува 4 евро центи за шише од половина литар.

Големите производители веќе се побунија против овие мерки на француската влада. Претставниците на „Кока Кола“, „Пепси“ и најголемата француска компанија за производство на сокови го осудија воведувањето на давачката.

Related Posts with Thumbnails