wordpress counter

Француски пчели создаваат син и зелен мед

Уште од август годинава, француските пчелари од малото градче Рибовил во северо-источниот дел на Алзас, открија дека нивните пчели започнале да произведуваат син и зелен мед.

Тие, за оваа состојба, ја обвинуваат фабриката која го уништува ѓубрето од производството на „M&Ms“. Според нив, очигледно е дека пчелите се хранат од шеќерните отпадоци кои имаат живи бои. Фабриката се наоѓа на само 4 километри од пчеларниците. Од компанијата велат дека нивниот отпад се чува во вакуум контејнери, токму поради пчелите во околината.

Франција произведува 18.000 тони мед годишно и со тоа е еден од најголемите производители во Европа. Само во Алзас, има околу 2.400 пчелари со преку 35.000 колонии на пчели кои произведуваат околу 1.000 тони годишно. Претседателот на француската унија за земјоделство изјави дека според него тој мед не е вистински мед и дека воопшто не треба да се продава.

Related Posts with Thumbnails