wordpress counter

Френсис Форд Копола станува винар

Режисерот на култните филмови „Кум“ и „Апокалипса денес“, Френсис Форд Копола, откако го покори филмскиот свет, се префрли во светот на грозјето и виното. За таа цел, го ангажирал винскиот експерт Филип Басколез, кој работеше преку 20 години во винаријата „Chateau Margaux“ во Бордо, Франција.

Г-инот Басколез веќе работи на имотот Радерфорд во долината Напа во Калифоринија, со една единствена цел: да го направи винскиот бизнис на Копола еден од најдобрите во САД.

Инаку, уште во 1975 година, Копола го купи брендот „Inglenook“. Оттогаш, се обидува да му ја врати старата слава на овој бренд и вински имот. Сега веќе со најнови машини и „know-how“ на Басколез, планира да го ревитализира производството и да ја направи една од најдобрите винарии на американскиот пазар.

По Стинг, кој има имот во Тоскана и Форд Копола се фати за винскиот бизнис. Останува да видиме кој ќе биде следен и кој од славните ќе биде најуспешен во производството на овој пијалак.

Related Posts with Thumbnails