„Фруктал селекшн“ и на македонскиот пазар
„Фруктал“ ја претстави својата нова понуда на сокови. Станува збор за линијата „Фруктал Селекшн“, која ќе биде достапна само во селектирани продавници. Овие линија ја сочинуваат 100% природни сокови без никакво додавање на засладувачи и вода. Ќе можете да одберете помеѓу 4 вкуса: ананас, портокал, грејпфрут и малина.
Претседателот на Управниот одбор на Фруктал, Драго Кавшек нѐ информираше дека оваа линија сокови одлично се продава на словенечкиот и хрватскиот пазар и дека истиот интерес го очекува и во Македонија.
Инаку, соковите се произведени од свежо овошје: ананас од Костарика, портокали од Бразил, грејпфрут од Медитеранот и малини од Србија. Соковите „Фруктал Селекшн“ ќе може да ги купиме во Веро 2, Супер Тинекс – Зебра, ТЦ Веро и Рамстор. ●
