wordpress counter

Голема кражба на јаворов сируп

Кражбата на јаворов сируп од еден склад во Квебек, каде се чувале државните стокови резерви на сируп од јавор во Канада, ќе остане забележана во аналите на полициската пракса како една од најневообичаените кражби.

Кражбата не е ни малку наивна. Станува збор за преку 5 милиони килограми сируп, вредни преку 30 милиони долари. Ако во моментов се појави недостаток на овој производ, тоа ќе значи светска криза во снабдувањето со еден од омилените продукти на американскиот континент.

Најчудно од сè е што крадците сè уште не се фатени. Останува прашањето како успеале да украдат толкаво количество без никој да ги забележи. Американските и канадските медиуми веќе започнаа да се шегуваат за оваа кражба и како можни злосторници ги наведуваат децата од Квебек кои обожуваат јаворов сируп, некои од фирмите кои произведуваат лош сируп, јаворовите дрвја кои го бараат сирупот назад и ред други „виновници“. Останува да видиме како полицијата ќе се справи со овој проблем и кои се вистинските виновници.

Related Posts with Thumbnails