wordpress counter

ГРАДБИ ОД ЖЕЛЕ

Желе

Најверојатно никогаш досега не сте слушнале за Сем Бомпас и Хери Пер. Станува збор за млади дечки од Британија кои знаат како да ја спојат храната и архитектурата на еден прилично необичен начин. Досега им успеало да ги направат катедралата Сент Пол во Лондон, Милениумскиот мост, терминалот на аеродромот во Мадрид и многу други светски градби.

Она што е најинтересно е материјалот и начинот на кој ги создаваат. Градбите не се во природна големина, но се вистинска копија на оригиналот. А, материјалот од кој градат е ни помалку ни повеќе туку желе. Овие, како што ги нарекуваат – желе артисти, се дипломци на Eton College и University College во Лондон и се фрапирале од губитокот на значењето на желето, некогаш софистицирано јадење во англиската кујна, чие присуство денес е сведено само на детските забави. Оттаму и произлегла нивната идеја да го вратат избледениот сјај на желето, ако тоа воопшто е возможно.

ЖелеПред неколку години основале и своја компанија која започнува со производство на калапи за желе, а меѓу нивните клиенти се и гуруата на готвењето: Хестон Блументал и Гордон Ремзи. Калапите ги прават сами, ги дизајнираат во работилница, ги претвараат во тродимензионални модели и на крајот ги изливаат во калапи кои имаат безброј форми.

Истовремено, тие веќе организираат и бројни настани на кои имаат свој перформанс, а имаат и прилично авантгардни обиди во готвењето и гарнирањето – употреба на кинин, за да направат желе кое ќе емитира синкасти одблесоци кога е оставено на темно место. За нив се вели дека се првите луѓе на кои им пошло од рака да го снимат звукот на нишање на желето. Останува на вас да решите дали ова е еден нов и интересен постмодерен агол на перцепирање на храната, или ви е поблиска култната реченица на Обеликс (во случајов прилагодена на нацијата): шашави се овие Британци!

Related Posts with Thumbnails