wordpress counter

GUSTO ја донесе Италија кај нас

Веќе се навикнавме GUSTO да ни го сервира најдоброто што го имаат светот и Италија во светот на кујната. Така, и овој пат, ресторанот ни нуди една седмица полна со вкусни специјалитети и прекрасна музика.

Од денес, 26 јануари, па сѐ до сабота GUSTO и Италијанската амбасада ги организираат Деновите на италијанската кујна. Вкусните италијански специјалитети ќе ги подготвуваат познатиот готвач Џулио Адриани, како и Марија Маријанели и Росарија Туригроса. Ќе можете да вкусите автентични лазањи ала матричана, свинско каре, канелони, тирамису, тоцети и кростата. Паралелено со тоа, секој ден ќе можете во живо да присуствувате на готвењето на големиот Адриани и ќе можете да видите како се подготвува пица на традиционален наполитански начин.

Музичката програма е богата и ќе уживате во прекрасните звуци на Весна Станоевска и Елена Чадиковска, како и во програмата на првиот секретар на амбасадата Роберто Рицо и соработникот на амбасадата Фабио Кекачи, овој пат во улога на диџеи.

Господинот Адриани, освен што ќе ги подготвува своите специјалитети, доаѓа и како претставник на Асоцијацијата на вистинска наполитанска пица, со цел да ја заврши обуката на персоналот со што GUSTO ќе ги исполни сите услови за членство во Асоцијацијата.

На тој начин, ресторанот GUSTO ќе биде првиот на Балканот кој добива вакво светско признание и членство, а ние конечно ќе имаме можност да вкусиме вистинска пица.

Related Posts with Thumbnails