wordpress counter

Гвинет Палтроу и Марио Батали

ГВИНЕТ ПАЛТРОУ И МАРИО БАТАЛИ

Ќе се запрашате што имаат заедничко една позната актерка и еден од најпознатите италијански готвачи на новото време? Серијалот „Spain… On the Road Again“ е проектот кој ги поврзува. И секако шпанската храна, од тортиљите па сѐ до чадени школки на скара.

Во серијалот, покрај Палтроу и Марио Батали, учествуваат и експертот за готвење Марк Битман и актерката Клаудиа Басолс. Оваа четворка патува низ Шпанија, вкусува традиционални видови храна и оброци, ни ја носи на чинија регионалната шпанска кујна и ни ја претставува таа уметност, историја и култура на начин кој не сме го виделе до сега.

SPAIN, A CULINARY ROAD TRIPКако дополна на серијалот излезе и книга со истоимениот наслов, која е коавторство на Батали со Палтроу. Стотици фотографии, анегдоти и преку 70 рецепти се појавуваат во оваа албум книга – репортажа на одмор од соништата.

Гвинет за следната година најави и своја сопствена книга. Нејзината љубов кон храната и готвењето ќе ги преточи во книга за американската кујна и шпанското влијание врз неа. Како што вели и самата: „Ја сакам храната, сакам да јадам, сакам да готвам и затоа не сум на диета!“.

Related Posts with Thumbnails