wordpress counter

Хостинг каков што може само да посакате

Претпоставуваме дека веќе забележавте дека Гурман™ сега функционира беспрекорно и многу, многу побргу од претходно. Причината е мошне едноставна – ја избравме МКхост, која е една од најдобрите компании кај нас на полето на хостингот.

Откако имавме две прилично непријатни ситуации со претходните хостинг компании (во првиот случај еден дел од нашата работа е неповратно загубен), овој пат решивме дека единствен критериум при нашиот избор ќе биде квалитетот.

Потрагата, искрено, не траеше многу долго. Со оглед дека покрај квалитетот, цената е еден од одлучувачките фактори, не се двоумевме кому ќе ја подариме нашата доверба. Ако на тоа ги додадеме и бројните позитивни реакции кои ги добивме од други клиенти и деловни партнери кои веќе соработуваат со МКхост – одлуката беше едноставна.

Ние сега веќе може да потврдиме дека не погрешивме. А, на другите кои се двоумаат или им е потребен вистински хостинг, најпријателски им советуваме да ја посетат нивната страница www.mkhost.com.mk и да уживаат во нивната грижа за корисници, каква што нема да најдат во ниедна друга компанија.

Related Posts with Thumbnails