wordpress counter

Храна на љубовта

ХРАНА НА ЉУБОВТА

ХРАНА НА ЉУБОВТА
Автор: Ентони Капела
Издавач: Viking Adult

„Во малечка тивка уличка, во близина на Viale Glorioso во најубавиот дел на Рим – Трастевере, постои мал бар кој за луѓето кои го посетуваат е познат како „кај Џенаро“… Едно прекрасно пролетно утро, 28 годишниот Томазо Маси и неговите пријатели Винсент и Систо пијат ristretto, пред да ги јавнат своите веспи и да зaминат на работа… Ristretto се прави со иста количина на кафе како и еспресото, но со двапати помалку вода… чист течен адреналин.“

Ова се извадоци од првата новела на Капела, Храна на љубовта. Одлично летно четиво кое ќе ги разигра вашите сетила за мирис и вкус и во комбинација со плажа и море ќе помогне одлично да си го поминете одморот. Вистинско богатство за секој што ја сака италијанската кујна и начин на живеење. Едноставно ќе станувате се погладни по секоја прочитана страница.

Буквално ќе посакате да заглавите во сообраќајниот метеж на патот кон домот, за да ја извадите и да читате… а потоа се знае – правец во некој италијански ресторан.

Related Posts with Thumbnails