wordpress counter

Хрватска – вистински кулинарски рај

Според CNN, Хрватска е една од четирите најинтересни гастрономски дестинации во светот

Во статијата со наслов „Од Хрватска до Чиле, четири возбудливи кулинарски патувања“, новинарките Нина Фердици и Натали Џорди предлагаат одмор на некоја вкусна дестинација. На тој начин, заедно со шпанската Андалузија, француската Бургундија и чилеанската Патагонија, се најде и хрватска Далмација.

Предлогот е 12-дневно едрење по Јадранското Море и за тоа време мора да се пробаат виното „Плавац“ од пелешац, домашната ракија како и далматинската пршута. А, за да биде доживувањето комплетно, можете да собирате школки покрај Стон или да берете див копар на островот Вис.

Related Posts with Thumbnails