wordpress counter

И македонското млеко на проверка

Инцидентот со присуство на штетната материја афлатоксин се шири како пожар. Ако на почетокот се зборуваше дека само определни видови млеко на „Дукат“ го содржат афлатоксинот, сега излегува дека над 50 брендови млеко се загадени.

Според испитувањата направени во Хрватска и Србија, зголемено присуство на афлатоксин има во „Моја кравица“ со 2.8% на „Имлек“, „Мегле“, „Ела“ на „Млекара Суботица“, „Дукат трајно“, како и дел од производите на „Млекара Шабац“ и „Нишка млекара“.

Од вчера, Агенцијата за храна и ветеринарство започна анализа и на млекото на македонските производители. Земени се мостри од сите примероци на млеко, но и на сите млечни преработки. Останува следните денови да ги добиеме резултатите од анализите со нашите производи.

Главната причина за појавата на афлатоксинот е српската пченка која била користена за исхрана на животните. И во Македонија била увезена таа пченка, но според нашите државни органи нема место за паника со оглед дека во неа не се пронајдени штетни материи.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Ден на вљубените само за хетеросексуалци

Ресторанот на франшизата „Сабвеј“ во Анжер, Франција понудил специјално мени за празникот на вљубените посветен само на хетеросексуални парови. Поради...

Close