wordpress counter

И потоа зборуваат за штедење…

САМИТ ЛОНДОНСамитот на 20-те најразвиени земји, кој се случуваше пред неполн месец во Лондон, ја испорача својата сметка. Еднодневната политичка забава ќе ги чини даночните обврзници на Британија 700.000 евра. Ај што не успеаа да ја решат светската рецесија, туку им тргна од рака и да потрошат огромна сума за јадење и пиење не само за нив, туку и за нивните брачни партнери како и разни помошници и советници што ги влечкаат со себе.

Банкетот започнал со лосос од Шетланд, проследено со бавно печено јагнешко месо од Елви долината во Северен Велс, печена овошна пита и крем. За менито се погрижи најпознатиот англиски готвач Џејми Оливер. Е сега, нели јадењето не оди без пиење, па за вино се обезбедени 8.000 евра, кои биле доволни за 136 шишиња вино кои бргу биле испразнети.

Иако, мора да признаеме дека најголем дел од средствата се потрошени на плаќањето на 800 официјални лица, 200 ВИП гости и помошен персонал, сепак и натаму звучи фасцинантно да се потрошат 100.000 евра за еднодневно јадење и пиење.

Related Posts with Thumbnails