wordpress counter

„Идеал Шипка“ со нов јогурт за подобар имунитет

Млекарницата „Идеал Шипка“ ја почнува новата година со лансирање нов производ на македонскиот пазар. Станува збор за јогурт со 3,5% масленост, произведен од млеко од домашно потекло, без адитиви, направен според традиционална рецептура.

Новиот производ го збогатува веќе постојното портфолио на јогурти на оваа македонска млекарница. Тој е веќе достапен во поголемиот број трговски објекти низ земјата. Покрај во стандардно пакување од 1 литар во практична ПЕТ амбалажа во боја, новиот јогурт, во промотивниот период, ќе биде достапен и во специјално пакување од две шишиња со подарок чаша.

Млекарницата „Идеал Шипка“ е дел од најголемата светска млечна индустрија „Лакталис“. За потрошувачите во Македонија, освен млечни производи од брендот „Идеал Шипка“, во своето портфолио ги нуди и производите од брендот „Дукат“, како и „Президент“, најпознатиот бренд за сирења во светот.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Нов тренд кај пијалаците – хибрид на пиво и вино

Производителот „Blue Moon Brewing Co.“ создаде прв хибриден пијалак од пиво и вино. Овој производ се пакува во вински шишиња,...

Close