wordpress counter

Името поважно од сè!

ИМЕТО ПОВАЖНО ОД СЀ!Знаеме дека децата се проблематични кога е во прашање јадењето на зеленчуци и останати, значајни за нивното здравје, видови на храна. Меѓутоа, употребата на психолошки и маркетинг трикови може да понуди решение и за овој проблем.

Имено, според една студија направена на 200 деца од претшколска возраст, давањето на необични имиња, полни со фантазија ќе ги предизвикаат децата да ја вкусат таа храна. На пример, имињата како: експлозивен домат или весели грашковци двојно го зголемуваат количеството на зеленчук кое децата се подготвени да го изедат. Се чини дека децата ги помнат тие нови бомбастични имиња и откако ќе престанеме да измислуваме такви имиња. Дополнителни предлози од редакцијата на Гурман™: ракетен морков, кромид плачко, краставицамен, counter-strike боранија или гравче за јаки мускули.

Секако дека и ние возрасните не сме имуни на овие трикови. Во еден ресторан, сопственикот го променил името на оброкот од рибји филет во сочен италијански морски филет и продажбата се зголемила за цели 28%, а оброкот иако исто подготвен, добил во просек повисока оцена за 12%.

Сопственици на ресторани и производители на храна, Гурман™ најпријателски ви препорачува да го земете ова предвид!

Related Posts with Thumbnails