wordpress counter

Inedit – пиво кое оди со храна

Водечката фудбалска сила во светот не може да се пофали и со квалитетот на своите пива. Оваа горчлива течност во Шпанија е мошне слаба и питка, без некои големи разлики. Главно се консумира во текот на топлите денови со скара и при тоа се внимава на квантитетот наместо на квалитетот.

Но, тука е најпознатиот шпанкси готвач кој сака да ја измени состојбата. Феран Адрија, заедно со сомелиерите од својот ресторан Ел Були и шпанската пиварница Дам, го осмисли пивото „Инедит“. Направено со мешање на пченица, јачменов слад и додаток на сладок корен, кора од портокал и коријандер.

Инедит е првото пиво кое е направено со цел да се консумира со храна и поради тоа е единствено на светот.

Related Posts with Thumbnails