wordpress counter

Италијанската мафија влезе и во кулинарскиот свет

При неколку неодамнешни акции, италијанската полиција открила бројни измами во производството на италијанска моцарела и пршута. Станува збор за фалсификување на заштитени брендови.

Имено, уште пред неколку недели, најголемиот производител на моцарела во Италија се најде во средиштето на скандал, кога е откриено дека покрај млеко од биволица, во моцарелата додавале и кравјо млеко.

Сопственикот на компанијата, самонаречениот „Армани од моцарела“, Џузепе Мандара, беше уапсен под сомнение дека соработувал со мафијата Камора од Неапол, која во последно време се поврзува со бројни ујдурми во светот на храната.

Покрај малверзациите со моцарела, во северниот дел на земјата е откриено фалсификувања и на пршута. Преку 2.300 парчиња пршута се запленети откако е откриено дека животните од кои се добива се хранети со нус продукти. Нормално, еден од сопствениците на фармите, Андреа Џеновези, веќе е зад решетки.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Како да направите вода со вкус

Придобивките од пиењето вода на сите ни се познати. Ќе бидеме поздрави, со помалку токсини во себе, со намален ризик...

Close