wordpress counter

Научно-истражувачките тимови од Германија, Финска и Данска објавија дека дневната консумација на кафе има влијание врз подобрување на нивото на холестерол, како и нивото на воспалителните процеси преку делувањето на интерлеукин-18.

Освен ова, кафето и неговите екстракти имаат поволно влијание и врз ризикот од дијабетес. Имено, кафето го намалува тој ризик, а делува и на подобрување на функцијата на црниот дроб.

Истражувањата беа спореведени на 47 лица. Првиот месец тие воопшто не пиеле кафе, вториот месец до 4 шолји на ден, а третиот месец се ограничиле на 4–8 шолји кафе на ден. Резултатите покажале дека HDL или „добриот“ холестерол растел со консумација на кафе. Исто се случило и со протеинскиот хормон адипонектин, чие ниво растело за сметка на мастите во телото. Покрај тоа, присуството на инфламаторниот интерлеукин се намалило.

Наш совет и совет на научниците – пијте од овој драгоцен пијалак секој ден.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ВЕСТИ