wordpress counter

Како Наоми Кемпбел ја одржува линијата?

Познатата манекенка, која е пред пензија, неодамна наполни 40 години, но сѐ уште изгледа феноменално. Тајната на витката линија е диетата „Потполно чистење“, кај која се пие од 6-12 чаши смеса од лимонов сок, јаворов сируп, вода и парченца феферони.

Други почитувачи на оваа диета се Бијонсе и спортистката Гебриел Рис. Според зборовите на Кемпбел, кога беше гостинка во шоуто на Опра Винфри, таа ја практикува оваа диета три пати годишно, а најдолг период во кој издржала е 18 дена.

Сепак, стручните лица велат дека оваа диета предизвикува повеќе проблеми отколку што е користа од неа. Поради изгладнувањето се топи мускулната маса и се зголемува киселоста на крвта, што може да предизвика сериозна ацидоза.

Покрај тоа, треба да се внимава кога организмот е нападнат од некоја болест, бидејќи таквата исхрана ќе ја влоши и онака лошата состојба. Откако ќе се прекине со диетата, мастите се таложат мошне бргу со цел организмот да се снабди со што повеќе резерви во случај пак да биде намалена количината на храна која се внесува.

Како и да е, лекарите мошне ретко ја препорачуваат оваа диета, а не ја препорачуваме ниту ние и покрај прекрасното тело на Наоми Кемпбел.

Related Posts with Thumbnails