wordpress counter

Како се точи пиво

КАКО СЕ ТОЧИ ПИВО

Многу луѓе гледаат да наточат што е можно повеќе пиво во чашата. Многу често знаеме и да се изнервираме кога ќе нарачаме точено пиво и кога ќе здогледаме 3-4 прста пена на врвот од криглата.

Но, производителите на пиво и експертите знаат многу подобро од нас. Пената, кога пиеме пиво, не само што е потребна туку е неопходна. Тоа поради фактот што поголемиот дел од вкусот на пивото се наоѓа во неговата арома и која се ослободува со брзо, силно и енергично налевање. Најнапред ќе ја почувствувате аромата, па потоа можете да стекнете вистинска импресија за тоа какво е пивото.

Затоа, кога ќе точите пиво – не ја мрдајте чашата! Таа треба да се држи рамно и пивото да се става во нејзината средина. Менувајте ја брзината на точење во зависност од тоа колку пена сакате. Дополнете од страните за да се подигне пената во средината. Според експертите, најдобро е пената да е околу 3-5 сантиметри.

Related Posts with Thumbnails