wordpress counter

Кампања: „Здрава храна за детство без мана“

Првата македонска дама, г-ѓа Маја Иванова, месецов, пред учениците на О.У. „Јохан Хајнрих Песталоци“, официјално ја промовираше кампањата „Здрава храна за детство без мана“. Камањата е дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

Инаку, оваа кампања се спроведува веќе две години, во организација на здржението на граѓани „ОХО“ и Министерството за образование и наука. Г-ѓа Иванова ги повика и родителите да земат активно учество во кампањата, со цел да се создадат свесни генерации кои ќе останат имуни на брзата и нездравата храна.

Активностите на оваа кампања вклучуваат: изработка на кратки пораки кои ќе станат дел од Еко кодексот, изработка на рецепти на тема „Здрава храна“, одбележување на денови на овошје и зеленчук, изработување на ликовни и пишани творби, организација на натпревари, изложби, маскенбали и јавни настани за промоција.

Сѐ на сѐ, станува збор за богата програма која ќе трае постојано и која навистина вреди да се пишува за неа. Интересно е дека пред неколку месеци и првата дама на САД, Мишел Обама, започна слична кампања, со која се обидува да ги промени навиките на исхрана на децата со прекумерна телесна тежина.

Related Posts with Thumbnails