wordpress counter

Канабис сатива – неверојатна состојка на новата кујна

Италијанската академија за ароми – „Università dei Sapori“ е професионална готварска академија која канабисот го прогласи за неверојатно добра состојка за готвење.

Во книгата на рецепти, која академијата ја објави оваа година, за канабисот се вели дека има вкус сличен на лешник, а во рецептите најчесто се користи во облик на брашно. Листовите и семките се користат за да им се даде на јадењето „специјален ефект“.

Од Академијата препорачуваат дека за готвењето потребно е да се користи само канабис сатива, што е активна состојка на марихуаната. Притоа, за да нема забуни, тетрахидроканабинол или ТХЦ се содржи само во траги.

Related Posts with Thumbnails