wordpress counter

Казна од 3 милиони долари за „Нутела“

Американката Атена Хохенбург, која поднесе тужба против компанијата „Фереро“ поради рекламирање на нивниот производ „Нутела“ како здрав производ, ја доби правната битка. Сега, компанијата е должна да исплати оштета во износ од 3 милиони долари.

Поточно, „Фереро“ треба да врати по 4 долари од секоја продадена тегличка на секој потрошувач за периодот јануари 2008 година – февруари 2012 година. Покрај тоа, судот наложи да се промени амбалажата и рекламата, а на предната страна од пакувањето мора да бидат наведени сите важни податоци.

Според оваа пресуда, околу 2.5 милиони долари ќе им бидат вратени на потрошувачите, а Хохенбург ќе добие половина милион долари за нејзината борбеност. Инаку, американката ја поднела тужбата откако се шокирала дека производот се рекламира како здрав појадок, а содржи 21 гр шеќер, 200 калории и 11 гр масти во само две лажици „Нутела“.

Погледнете ја спорната реклама:

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=lRRCdBEktGg[/youtube]

Related Posts with Thumbnails