wordpress counter

КиноОкус – првиот гастрономски фeстивал во Хрватска

КиноОкус е првиот гастрономски филмски фестивал во Хрватска, кој се одржува во соработка со движењето Slow Food on Film.

Се одржа минатиот месец во Стон, со цел да се спојат два света кои на прв поглед изгледаат многу далечно: селскиот и филмскиот. Организаторите настојуваа да ги забележат и сочуваат особеностите на селскиот живот, на локалните производители на здрава храна и изработувачите на традиционални садови и предмети.

Филмската програма стави акцент на индустријализацијата на производството на храна и последиците што го има врз животната средина. Се прикажаа филмови како италијанскиот „Focaccia blues“, американските „Fresh“ и „Eating Alaska“, норвешкиот „Фармата на мојата мајка“ како и редица краткометражни остварувања и остварувања на хрватската кинематографија.

Самиот фестивал беше поделен на 4 целини:

Вкусување – 9 краткометражни и 9 долгометражни филмови.
Кинофокус – едукациска програма со посебен осврт на италијанското движење Slow Food.
Киноексперимент – работилница за учениците од основните и средните училишта.
Кинолокус – место на кое производителите ги демонстрираа и ги продаваа своите производи и место на кое се разменуваа бројни искуства.

Наградите од жирито ги добија „Fresh“ и краткометражниот „Живеј пред да умреш“.

Се надеваме дека еден ден и Скопје ќе биде домаќин на манифестација од ваков тип, за што добивме и неофицијална потврда од идниот организатор на овој настан.

Related Posts with Thumbnails