wordpress counter

Книга наместо играчка во „Happy Meal“

„Мекдоналдс“ во Британија планира наместо играчки со познатиот оброк „Happy Meal“ да дели книги. Според  предвидувањата, компaнијата ќе подели преку 15 милиони книги во наредните две години.

Инаку, ова е обид на овој светски синџир на исхрана да помогне во описменување на децата и развој на детската литература. Промоциите започна уште минатиот месец.

Покрај книгите, ќе може да се добиe и ваучер од една од интернет продавниците за продажба на книги. Родителите мошне позитивно одговорија на пилот акцијата која се случи минатата година. Од компaнијата очекуваат позитивен одговор и во следните две години.

Останува само да кажеме дека овој чекор е навистина за поздрав. Веруваме дека и кај нас „Мекдоналдс“ ќе почне да спроведува акции од ваков тип.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Човекот кој го измисли „Фрапучино“

Кафе културата во светот се движи од супер премиум типови на кафе, па сè до најразлични локални врсти на кафе...

Close