wordpress counter

Која храна е најпопуларна во светот?

Еден од најдобрите портали за е-резервации, hotels.com ги објави резултатите од истражувањето кое го спроведе во минатите неколку месеци. Ова истражување беше посветено на откривање која храна е најпопуларна во светот. Во анкетата учествувале 2.500 луѓе.

Според резултатите, најпопуларна кујна на светот е италијанската. За неа се определиле 21% од испитаниците. На второ место се пласираше француската кујна и нејзините специјалитети, за која гласаа 12%. И последното место на подиумот го зазеде кујната на Тајланд, во која уживаат 11% од анкетираните.

Интересно е дека Велика Британија со своите риба и фрит, црн пудинг и печен говедски одрезок, не се најде ни меѓу првите 20. Убедливо најлоша кујна на светот е руската кујна. За неа не гласал ниту еден од 2.500-те испитаници.

Related Posts with Thumbnails