wordpress counter

„Кока Кола“ инвестира 3 милијарди долари во Русија

Компанијата „Кока Кола“ планира да инвестира преку 3 милијарди долари во Русија во текот на следните пет години. Тоа е дел од стратегијата на најголемата светска компанија да се шири на пазарите во развој кои се брзорастечки. Особено ако го земеме предвид фактот што ¾ од целиот профит на компанијата од Џорџија се остварува надвор од САД.

Дел од инвестицијата која ќе се реализира до 2016 година ќе биде изградба на фабрика во Ростов, која ќе произведува преку 450 милиони литри пијалаци годишно. Како партнер во оваа инвестиција се јавува и сопственикот на скопската пиварница, „Coca Cola Hellenic“.

Покрај руската инвестиција, „Кока Кола“ планира да инвестира вкупно 30 милијарди долари, како поддршка на растот на бизнисот со пијалаци. Тоа ќе вклучува нови фабрики, нови дистрибутивен систем и маркетинг стратегија. Во моментов, вредноста на една акција на команијата е 67.86 долари.

Related Posts with Thumbnails