- Гурман™ - http://gurman.mk -

Кока Кола лансираше нов пијалак

Американската корпорација Кока Кола деновиве го лансираше својот најнов пијалак. Се нарекува VIO и најверојатно кога ќе слушнете што има во него ќе ги подигнете своите веѓи нагоре, чудејќи се како може некој да смисли вакво нешто. Имено, VIO е направен од обрано млеко, газирана вода со овошен вкус и засладена со шеќер од шеќерна трска.

Значи, станува збор за газирано млеко кое се произведува во 4 вкуса: манго-праска, шумско овошје, тропско овошје и лимон. Пакувањето е луксузно алуминиумско шише со светли бои, а продажбата започна најпрвин на њујоршкиот пазар. Според претставници на компанијата, пијалакот е вкусен, единствен и има мазен допир на јазикот.

Како и што очекувавме, Кока Кола не планира да го пушти во продажба на европскиот пазар, бидејќи според маркетинг истражувањата воопшто не одговара на вкусовите кои ги преферираат европјаните.