wordpress counter

„Кока Кола“ со нов производ – безалкохолно пиво

Веројатно никогаш немате слушнато за пијалакот „Тумулт“. Тоа е поради фактот што овој газиран пијалак се продава исклучиво во Париз.

Овој бренд ѝ припаѓа на „Кока Кола“, а таргет му се урбаните и тренди луѓе во нивните 30-ти години. Пијалакот има вкус на пиво и има многу малку калории.

Сега, „Кока Кола“ прави редизајн на пакувањето и планира да ја прошири продажбата на безалкохолното пиво низ цела Европа.

Во изјавата на Спенсер Бак, креативен директор на „Такси Студио“, маркетинг агенција која стои зад овој бренд, стои: „Сакаме пивото да го понудиме на поширока публика. Затоа, производот мора да биде лесно достапен. Овој пијалак ќе биде одличен аперитив пред вечера.“

Related Posts with Thumbnails