wordpress counter

Колач од кој се слабее

Десертот не мора секогаш да ве дебелее, велат од британската слаткарница „Klever Kalories“ која прва произведе колач кој ги согорува калориите. Инспирацијата ја пронашле во италијанските слаткарници, а колачот е спој од состојки кои ги има во енергетските плочки и протеинските шејкови.

Во овој колач има Л-карнитин, гварана и зелен чај, кои помагаат во забрзување на метаболизмот и согорување на калориите. Колачот може да се најде во различни вкусови – ванила, чоколадо, мед, кајсии, крем бруле и тирамису.

Самиот колач содржи само 110-150 калории, а цената му е околу 100 денари. Засега, во овој колач уживаат само Британците, но веруваме дека бргу ќе го освои светот.

Related Posts with Thumbnails