wordpress counter

Колку калории внесовте денес?

PizzaСите сме запознаении со фактот дека дневната потребна доза на калории, при нормален напор, не би требало да надминува 2500 за мажи и 2000 за жени. Но, оваа пица што ја гледате пред вас, има ни повеќе ни помалку туку дури 4400 калории. Тоа е количината на калории која е доволна за цели два дена. Како ли само им успеало да соберат толку калории во една единствена порција?

Она што е битно е дека повеќе нема да мораме со дигитрон да пресметуваме колку калории има некој оброк што сме го нарачале. Имено, повеќе светски ланци на ресторани започнале во своето мени, покрај името на оброкот и неговата цена, да го наведуваат и бројот на калории што ги содржи. Тоа ќе биде олеснителна околност при изборот, за сите оние што имаат некое килце повеќе на својата става. А другите, барем ќе знаат со колку калории плус го напуштаат ресторанот и ќе можат тоа да им го соопштат на своите пријатели на попладневното кафе.

Се надеваме дека набргу и нашите ресторани ќе почнат да го следат примерот и ќе нè ослободат од математиката.

Related Posts with Thumbnails