wordpress counter

„Комерцијална банка“ го блокираше „Свислајон Таково“

Сметката на компанијата за производство на кондиторски производи „Свислајон Таково“ е блокирана од страна на српската „Комерцијална банка“, поради долг кој надминува 10 милиони евра. Родољуб Драшковиќ, сопственикот на компанијата, изјави дека спорот пред судските инстанци трае од моментот кога ја преземал компанијата во 2003 година.

„Таково“ не го признава долгот кон „Комерцијална банка“, направен уште во почетоците на 90-тите години на минатиот век. Имено, компанијата признава долг од само 2.2 милиони евра. До долг од 10 милиони се дошло преку фиктивни договори кои ги потпишувало претходното раководство, без пренос на средства од „Комерцијална банка“ кон „Таково“. Сопственикот вели дека поради судските пресуди, 700 луѓе ќе останат без работа.

Инаку, „Свислајон Таково“ е мнозински сопственик на македонската компанија „Агроплод Ресен“. Интересно е дека и во македонските судски инстанци се води спор околу преземањето на мнозинскиот пакет акции во „Агроплод“ од страна на „Таково“.

НАДОПОЛНУВАЊЕ: Најновата вест вели дека сопственикот Драшковиќ ги платил сите долгови и дека ја напуштил Србија, бидејќи во таа земја немало основни услови за водење на бизнис.

Related Posts with Thumbnails