wordpress counter

Комплетно уживање за сите сетила, дегустација од врвни мастер шефови во ресторан „FOUR“

Во сабота (01.04.2017) во ресторанот „Фор“ љубителите на десерти имаа ексклузивна можност да дегустираат голем број на слатки деликатеси, приготвени од рацете на нашите мајстори заедно со гости од странство, мастер шефовите Франциско Ариола и Сокол Пренга.

Врвните шефови заедно со тимот од ресторанот посветено работеа слатките да изгледаат одлично и вкусно. Присутните уживаа во лимон тарт, бисквита со цитрон и какао, различни врсти на мали чоколади, торта со јаболко, тирамису, панакота со шумски овошја и крцкави тестенини, луто чоколадо со 80% какао и крем од ѓумбир и портокал и многу други вкусови сервирани на уникатен начин нетипични за македонската кујна и приготвени по најсовремени кулинарски техники. Пред голем број на новинари, пријатели на ресторанот и експерти од оваа област ресторанот „Фор“ ги престави своите деликатеси кои ги спремаат заедно со тимот, меѓу кои имаше слатки кои за прв пат во Македонија можеше да се пробаат.

Шеф Франциско Ариола е 30 годишен шпанец кој живее и работи во Тирана, Албанија. По професија е адвокат, но како шеф се има докажано во своето вистинско светло. На крајот на 2012 година ја напушта Шпанија, а својата среќа во кариерата и љубовта ја наоѓа во Албанија, каде што ја запознава својата сопруга и учествува во шоуто „Master Chef Albania“. Франциско во моментов има свој шпански ресторан во Тирана.

Сокол Пренга e 43 годишен мастер шеф од Албанија, кој e сопственик на еден од најпознатите ресторани за слатки во Тирана – „Delikatese“, ресторан и кетеринг.

Своето искуство го има стекнато работејќи во различни ресторани во Албанија, Грција и Холандија.

Во 2017 година започнува соработка со интернационални компании, за консултации и тренинг на ресторани и хотели со држави како Колумбија, Куба, Чиле, Мексико и други.

Гостите кои ги дегустираа десертите ги оценија слатките работи според своето лично мислење, а најпопуларните слатки ќе бидат дел од менито во ресторанот кои ќе може да ги пробаат гостите.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

„Марс“ ќе престане да употребува вештачки бои

Производителот на омилените слатки, „Марс“ најави дека ќе ги исфрли вештачките бои кај преку 50 од своите производи. Бонбоните „М&М’s“...

Close