wordpress counter

Корпоративно градинарство

Еден од најновите хитови во работењето на големите корпорации е поседување на сопствена градина, во која се одгледува севеж зеленчук и овошје. Овој тренд го започнаа најголемите американски компании кои веруваат дека урбаното земјоделство ќе делува позитивно на расположението и здравјето на вработените.

Меѓу првите кои го прифатија трендот е вечниот број 2 на американскиот пазар на пијалаци, Пепси. Оваа компанија поседува органска градина каде што вработените ги собираат плодовите. Интересно е дека плодовите може да си ги понесат дома бесплатно и на тој начин се ублажува проблемот на мотивација на вработените, бидејќи зголемувањата на платите се замрзнати.

На градинарство се навлекоа и Гугл и Јаху, а во Тојота веќе одгледуваат големи количини тикви и домати. Инаку, градините ги одржуваат самите вработени преку волонтерски договор. Како комензација им остануваат плодовите кои ги одгледале.

Related Posts with Thumbnails