wordpress counter

Кралско пиво со вијагра

Една од најголемите шкотски пиварници, „Brewdog“, која е позната по постојани новитети, произведе ограничен број на „Royal Virility Performance“ пиво, збогатено со вијагра и други афродизијаци како чоколадо и епимедиум. Наводно, три вакви пијалаци имаат исто влијание како една од сините таблетки.

Интересно е дека, според зборовите на ко-основачот на пиварницата Џејмс Ват, неколку шишиња од ова пиво му се испратени и на принцот Вилијам пред венчавката.

Првично беше предвидено да се произведат само 400 шишиња и да се продаваат по цена од 10 фунти. Но, направени се дури 1.000 кои веднаш се распродадени. Покрај вијагра, пивото содржи и значително ниво на алкохол (7.5%), а пиварницата размислува да продолжи со производството.

Како и да е, ова пиво ќе биде одличен начин мажот да се оправда пред сопругата или партнерката зошто се напил толку многу.

Related Posts with Thumbnails