wordpress counter

Кражба на 21 тон сирење

Во Илиноис, САД, се случи една навистина несекојдневна кражба. Станува збор за кражба на 21 тон сирење која ја направил Венјамин Балика (34) од едно мало место близу Њу Џерси.

Според изјавата на полицијата, обвинетиот превезувал 20.000 килограми сирење, чија вредност според производителот изнесува преку 200.000 долари. Превозникот направил фалсификувани документи за да ја присвои пратката.

Откако е откриен сторителот тој е уапсен, а пратката запленета. Портпаролот на компанијата, Кевин Еркхарт, изјави дека не се сигурни како е чувано сирењето додека било одземено и поради тоа не бараат враќање на стоката назад.

Сепак, некој може да искористи од оваа кражба. Имено, ако здравствените авторитети утврдат дека сирењето е во исправна состојба, целата количина ќе биде донирана во хуманитарни цели.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Истражување: Оброкот со зеленчук изгледа повкусно

Најновите истражувања публикувани во „Public Health Nutrition“, покажуваат дека додавањето на зеленук во порцијата го подобрува имиџот и на главното...

Close