wordpress counter

„Лакталис“ – најголемата млекарница на светот

Глобализацијата е процес кој се случува пред нас, секој ден, секој момент. Самиот процес води кон окрупнување на капиталот и создавање на огромни корпорации кои владеат со светските пазари. И храната не е исклучок од тоа правило.

За тоа се погрижи француската компанија „Лакталис“, којa деновиве ја купи најголемата италијанска млекарница „Пармалат“. Станува збор за повеќемесечна акција во која „Лакталис“ постепено откупуваше акции од италијанската компанија и сега поседува 83% од акциите. Целата работа се одвиваше споро поради фактот што италијанците не сакаа да ја продадат команијата на странци. Сепак, со оглед дека сопственикот Калисто Танци е во затвор поради малверзации, немаше многу избор.

Информации за „Лакталис“

• oснованa во 1933 година и првиот ден откупиле 17 литри млеко
• присутна на пазарите во 55 земји (со купувањето на „Пармалат“ – во дури 140 земји)
• 55% од приходите се од странство
• вработува 13.000 луѓе (заедно со „Пармалат“ – 30.000)
• најголем производител на сирење во Франција и Италија
• најголем откупувач на млеко во Европа
• поседува 119 фабрики

Инаку, да ве потсетиме – „Лакталис“ веќе е приустен и во Македонија. Битолската млекарница  „Идеал Шипка“ е во сопственост на француската компанија.

Related Posts with Thumbnails