wordpress counter

Летна Кока-Кола

ЛЕТНА КОКА-КОЛА

Светскиот бренд број еден, Кока-Кола, ги претстави новите таканаречени летни лименки. Станува збор за 5 лимитирани изданија на црвената лименка, сега надополнета со летно расположение. Самото пакување е надополнето со слики на скара, очила за сонце, топка за на плажа, даска за сурфање и ѕвезди на летното вечерно небо.

Кока-Кола дизајнот продолжува да ја следи refreshing линијата, која веќе стана заштитен знак на оваа трговска марка и која е целата суштина на дизајнот на пакување. Прекрасен, едноставен дизајн кој ја носи свежината на летото и одморите. Измислена за моментите на дружење на некоја летна тераса или под чадор на плажа ќе ви го донесе неповторливиот вкус на овој пијалак.

Според направените истражувања, купувачите веќе ги освои дизајнот на лименката со очила за сонце. Малку ќе ви биде проблем во фрижидерите да го пронајдете омилениот дизајн на вашата лименка, но сепак, вреди. Зошто, едноставно станува збор за Кока-Кола.

Related Posts with Thumbnails