wordpress counter

Линија на мусли производи на „Алкалоид“

Реномираната македонска компанија „Алкалоид“ излезе на пазарот со линија на мусли производи која е наречена „Good Morning Good Nature“. Линијата содржи 4 различни производи и тоа: „Nutty story“, „Choco Secrets“, „Wake up“ и „Life energy mix“.

„Choco Secrets“ или мусли слатки како бакнеж се крцкави перничиња полни со чоколаден крем, освежителен вкус на чоколадиран портокал и чоколадни капки. „Nutty story“ или лудо вкусно мусли имаат вкус на цимет. Се состојат од сочни парчиња слива и крцкав лешник, сето тоа сплотено во мешавина од жита и од крцкав интегрален корнфлекс.

„Wake up“ или ведри мусли за дремливи. Тоа е мешавина од мусли и од крцкав корнфлекс со слатко-кисел овошен вкус од парчиња сува кајсија и сува вишна. Последните се „Life energy mix“ или супер моќни мусли. Силната арома на печениот бадем ќе ве освои веднаш по отворање на кесичката, а освежувањето ќе дојде во форма на вишна.

Related Posts with Thumbnails