wordpress counter

Лубеницата е едно од омилените летни овошја. Освен што ја гаси жедта, има и низа други интересни својства. Содржи 92% вода, а остатокот од 8% е богат со ликопен, кој има антиоксидански својства. Но, доста за тоа. Веројатно ве интересира од каде лубеницата делува како вијагра.

Според неодамнешните истражувања за влијанието на лубеницата врз здравјето на човекот, утврдено е дека во неа се наоѓа аминокиселината цитрулин која делува врз крвните садови на ист начин како и малото сино апче. Имено, цитрулинот делува на релаксирање и ширење на крвните садови и на тој начин помага при постигнување и одржување на ерекцијата.

Претходно се сметаше дека цитрулинот е сместен во кората на лубеницата, но истражувањата покажуваат дека го има и во месото од лубеницата. Како и да е, сѐ уште не се знае точната количина на лубеница која треба да се изеде за да се постигне она што се посакува.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ВЕСТИ