wordpress counter

Мачка во тава

Еден од најпо­зна­тите ита­ли­јан­ски писа­тели за храна, Бепе Бигаци, беше суспен­ди­ран на нео­дре­дено време од теле­ви­зи­ската про­грама Ready Steady Cook, која оди на првиот канал на ита­ли­јан­ската државна теле­ви­зија RAI. При­чи­ната е него­вата пре­по­рака и опис на мачка при­го­твена во тава како сочен специјалитет.

Про­гра­мата оди во живо на пладне на Раи Уно и уште во текот на еми­си­јата цен­тра­лата на теле­ви­зи­јата била бом­бар­ди­рана со повици од страна на гле­да­чите и асо­ци­ја­ци­ите за заштита на животните.

Од друга страна, Бигаци изја­вил дека тоа е многу вку­сен спе­ци­ја­ли­тет во него­виот роден крај Валдарно во Тоскана и твр­де­њето го пот­кре­пил со стара ита­ли­јан­ска пого­ворка која вели: „ако за пра­зник немате месо, тогаш под­го­твете мачка“. Покрај тоа, Бигаци одбил да се извини на гле­да­чите и покрај молбите од страна на води­те­лката и про­ду­цен­тите на шоуто.

Како и да е, подо­бро е да се држиме до ста­рата ирска пого­ворка која вели: „Нико­гаш не ги слу­шајте ста­рите ита­ли­јан­ски пого­ворки“.


Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ВЕСТИ