wordpress counter

Македонците сакаат домашна храна

Според истражувањето кое го спроведе агенцијата ГфК Скопје, македонците многу повеќе се определиле за домашно зготвена храна, отколку таа од сендвичарите и рестораните.

Од вкупно анкетираните 1050 лица, 45% преферираат домашно зготвена храна, 16% јадат во ресторани, додека на 39% им е сеедно. Од овие резултати отскокнуваат младите на возраст помеѓу 15 и 24 години, кои повеќе сакаат да јадат надвор отколку дома.

Кога станува збор за редовните оброци, 76% од граѓаните ги јадат дома. Голем дел (54%) практикуваат заеднички оброк со целото семејство, додека 39% одговориле дека тоа го прават ретко.

Истражувањето покажува дека македонците сакаат да готват. Поголем процент од нив немаат проблем со готвењето, а само 29% се против готвење дома. Сами сакаат да готват повеќе од половина од жените и 20% од мажите.

Ако сте жена и имате среќа, ќе најдете некој од овие 20% мажи. Се слуша дека знаат да бидат одлични готвачи.

Related Posts with Thumbnails