wordpress counter

Македонија учи како да произведе квалитетно млеко

Минатата недела, во организација на Амбасадата на Холандија во Македонија, се одржа работилница на тема: „Здрав добиток – квалитетно млеко“. На настанот присуствуваа млекопроизводители, ветеринари, млекопреработувачи, претставници на Агенцијата за харана и ветеринарство, како и на Министерството за земјоделство.

На работилницата беа споделени информации и искуства за моменталната ситуација во овој сектор во Македонија. Излагањата на работилницата беа поделени на две теми: „Третирање и исхрана на добиток во пресушен период“ и „Македонија – состојба, предизвици и предлози за подоборување“. Излагањата беа спроведени од страна на реномирани холандски агенции и институции, како што се „Veepro“ и универзитетот „Wageningen“.

Се надеваме дека во иднина ќе има сѐ повеќе работилници и предавања од ваков тип, со што нашите производители и преработувачи ќе успеат да направат производи кои ќе биде конкурентни на сите светски пазари.

Related Posts with Thumbnails