wordpress counter

Македонска ознака за органски производ

Стилизирано сонце со фиданка е новата национална ознака за органски производ. Тој знак, втиснат на производот, е гаранција дека производот е сертифициран во согласност со стандардите и на него се извршени сите неопходни контроли.

Според министерот за земјоделство Љупчо Димовски, симболот е избран од страна на сите оние кои се вклучени во системот на производство на органска храна во Македонија. Димовски, особено ја потенцираше потребата да се стави ред во овој тип на производство, кое може да влијае одлично врз здравјето на македонскиот граѓанин.

За да добие ознака за органски производ, секој фармер мора да поседува сертификат, доказ дека неговото производство се врши во строго контролирани услови и по строго дефинирани правила и стандарди. Сертификат издаваат само сертифицирани тела овластени од страна на Министерството за земјоделство.

Related Posts with Thumbnails