wordpress counter

Македонската Кока Кола – најдобра!

МАКЕДОНСКАТА КОКА КОЛА - НАЈДОБРА!

800 фабрики во 178 земји од вчера можат да ни завидуваат – ја правиме најдобрата Кока Кола во светот!

Регионалниот претседател на Кока Кола компанијата, Тим Брет, вчера ѝ додели признание на Пивара Скопје за најдобар квалитет на нејзините производи во светот и со тоа ја постави нашата компанија како највисоко рангирана меѓу сите фабрики каде се полни Кока Кола.

Покрај ова признание, компанијата доби признание и за квалитетот на производите и од групацијата Кока Кола Хеленик, која е присутна во 28 земји со повеќе од половина милијарда потрошувачи.

Гурман™ ѝ честита на успехот на нашата Фабрика на радоста, а вие почнете да им се фалите на пријателите во светот и поканете ги да ја пробаат најдобрата Кока Кола.

Related Posts with Thumbnails