wordpress counter

Македонскиот пазар на слатки производи вреди 93 милиони долари

Македонскиот пазар на колачи и слатки производи вреди 93 милиони долари. Годишно се произведуваат 33.000 тони слатки производи, од кои 22.000 тони се наменети за извоз.

Според Стопанската комора на Македонија, по либерaлизација на пазарите во овој сектор, производството е зголемено за 250%. Македонските компании сè поуспешно ги извезуваат своите производи, а во исто време македонските производи им станаа конкуренција на странските производи на нашиот пазар.

Сето ова придонесува до подобрување на трговскиот волумен и нашата соработка со странство. Македонската кондиторска индустрија има 65 фабрики кои се претежно мали и средни, а овозможуваат заработувачка, посредно или непосредно, на преку 100.000 луѓе.

Related Posts with Thumbnails