wordpress counter

Македонското вино на промоција во САД

Заврши еднонеделната промоција на македонското вино на северно-американскиот континент. На промоциите присуствуваа реномирани дистрибутери и увозници на вино, како и влијателни вински критичари и новинари во САД.

Оваа патувачка промоција на вината на 8 наши производители започна на 30-ти мај во Вашингтон, пред високи гости од политичкиот свет. Присутните гости изразија воодушевување од квалитетот на македонските вина, а увозниците покажаа интерес нивното портфолио да го дополнат и со нашите вина.

На 31-ви мај, вината беа промовирани во Чикаго, во престижниот клуб „Union League Club“. На настанот земаа учество голем број увозници, дистрибутери, сомелиери, дегустатори, критичари и сопственици на ресторани.

Настанот заврши со промоцијата на македонските вина во „Големото јаболко“.  Инаку, промоциите ги организираше Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ, во соработка со нашите дипломатски претставништва во САД. Таму беа промовирани производите на „Бовин“, „Дудин“, „Далвина“, „Попова Кула“, „Стоби“, „Тиквеш“, „Камник“ и „Езимит“.

Related Posts with Thumbnails