wordpress counter

Максимално искористување на кофеинот додека работите

Научникот Крис Чатам ни дава четири совети како најдборо да го искористиме кофеинот од кафето додека сме на работа. Станува збор за најкористениот стимуланс на светот, за кој тој верува дека погрешно го користиме. Еве ги неговите совети:

Конзумирање кофеин во помали дози, но почесто
Тој смета дека оптималната доза за когнитивните функции (забележување, мислење, помнење и учење) би требало да биде од 20-200 мг на час.

Играјте со својата когнитивна страна
Чатам вели дека кафето може да ја забрза нашата работа и да го намали бројот на грешки кои може да се случат доколку не се напиеме кафе. Но, кофеинот нема да ги разбуди покомплексните функции како што е планирањето. Затоа, започнете со планирање уште пред да се напиете кафе.

Играјте со силата на кофеинот
Чатам препорачува да додадете малку шеќер во кафето. Интересно е дека сокот од грејпфрут може да го прoдолжи делувањето на кофеинот, додека во комбинација со цигара го забрзува метаболизмот. Значи, секако треба да знаеме што друго има во нашиот организам за да може максимално да го искористиме кофеинот.

Утврдете кога да застанете и кога повторно да почнете
Ако немате силна толеранција на кофеин, може да станете зависни од него. Апстиненцијата од кофеин ќе се почувствува по 12-24 часа од последното консумирање, а може да трае од 2-9 дена. Во тој период може да се случи да патите поради апстиненцијата.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Летни салати (1 дел)

Салатите се едно од омилените јадења во текот на летото. За лесни салати, најдобри сосови се приготвуваат од маслиново масло,...

Close